Индексот на трошоците на живот, кој е клучeн показател за движењето на инфлација, во март во Македонија бил повисок за 0,7 во однос на истиот месец лани. Ова денеска го објави Државниот завод за статистика, додавајќи дека индексот на цените, во споредба со март 2009 година, бележи пораст од 2,3 отсто. Гледано на месечно ниво, индексот на цените на мало во март 2010 е повисок за 0,4 отсто, а индексот на трошоците на животот е повисок за 0,5 отсто. Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство за март 2010 година, пресметана врз основа на цените на мало, изнесува 12. 336 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 0,4 отсто.
Индексот на трошоците на живот, кој е клучeн показател за движењето на инфлација, во март во Македонија бил повисок за 0,7 во однос на истиот месец лани.
Ова денеска го објави Државниот завод за статистика, додавајќи дека индексот на цените, во споредба со март 2009 година, бележи пораст од 2,3 отсто.
Гледано на месечно ниво, индексот на цените на мало во март 2010 е повисок за 0,4 отсто, а индексот на трошоците на животот е повисок за 0,5 отсто.
Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство за март 2010 година, пресметана врз основа на цените на мало, изнесува 12. 336 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 0,4 отсто.